Достапни линкови

logo-print

Со добро си-ви до работно место


Кратка биографија или популарно нареченото си ви е еден од предусловите кога се конкурира за одредено работно место. Испратете ваше цв и најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју, се вели во скоро секој јавен оглас за вработување. За разлика од пред некоја година, кога луѓето имаа проблем со пишување на таков текст, сега е сосоема поинаку, велат од агенцијата Вработување ком.

„Оние коишто се малку поумни, иако знаат, доаѓаат кај нас на консултација – дали е тоа добро си-ви, дали е квалитетно, за да им се зголеми шансата. Верувајте, тоа е како да имате автомобил „застава“ и ние ја правиме да изгледа поубаво“

вели Дарко Велков, менаџер во Вработување ком.

И граѓаните помалку несигурно потврдуваат дека знаат што е тоа цв, иако некои од нив признаваат дека се уште не знаат како да го напишат.

“Тоа е кратка биографија за личноста“
„Лични карактеристики“
„Мислам дека е кратка биографија, лични карактеристики, нешто такво“


Од агенцијата Вработување ком, велат дека од особено значење за добивање на работното место е правилното однесување на интервјуто за работа. За таа цел агенцијата обучила повеќе од 50 тренери кои стекнатите вештини и знаења им ги пренесуваат на потенцијалните кандидати за добивање на работното место.

„Тоа се техники. Да речеме, говорната цел е една од многу битните теми, начинот на облекување, начинот на изразување, дури буквално и како да се седи на интервјуто, како да се поздравиш со оние коишто ќе влезат. Тоа се одредени мерки коишто може забрзано да се направат и таа обука трае до два часа“

објаснува Велков

На прашањето дали сте посетувале обука за тоа како треба да се однесувате на интервју за работа, граѓаните одговараат

„Не, не сум ни информирана дека некаде постои обука за тоа“
„Не„
„Не знам дали постојат такви обуки, не“


Некои пак сметаат дека други карактеристики се поважни за добивање на посакуваната работа

„Мислам дека е побиден физичкиот изглед“

Според статистичките податоци на агенцијата Вработување ком, повече од 30% од лицата кои ги посетиле обуките за интервју, го добиле посакуваното работно место.
XS
SM
MD
LG