Достапни линкови

Комплицирани процедури, чекање редици, несигурност, поскапо патување...


Одам на одмор за да се релаксирам а не претходно да се нервирам со чекање пред амбасда за да извадам виза-вели еден млад скопјанец. Слично и другите грагани се одлучуваат да патуваат во земји за кои што не им е потребана виза

„Па, сепак е дополнителна пречка. Ако не си вработен, тоа секогаш е пречка за да дојдеш до виза. Сепак, кога би можело секој да добие виза би било полесно да отидеш било каде – во Шпанија, во Италија лили на друго место“.
„Тоа е голема пречка, бидејќи треба да чекаме за визи по амбасадите. ма пример, два-три часа во ред и не се знае дали ќе добиеш виза или не. Тоа е проблем. Јас летово ќе одам на одмор во Бугарија, каде што не ни бараат виза“.


Тоа го потврдуваат и од една турситичка агенција која покрај аражамани организира и вадење на групни визи.Потребни се многу документи , дополнителни пари за виза кои изнесуваат од 15 евра за Грција до триесетина евра за земјите од европскта унија плус неопходното патничко осигурување

„Само ќе ја спомнам Грција, и покрај тоа што ни требаат визи ја бираат најмногу затоа што е најблиску. Се јавува и интерес за Турција, за Хрватска, Црна Гора, Бугарија или некоја од подалечните земји каде што не треба виза каква што е на пример Тунис. Од подалечните дестанации, за Куба и Доминиканска Република не е потребна виза, но нашиот стандард не овозможува да испраќаме поголеми групи таму“.

објаснува Горан Давчев вработен во одделенито за продажба

Оние пак кои се обиделе сами да извадат виза велат дека процедурата покрај собирање на сите потребни документи бара и многу време потрошено во чекање.И на крајот како што е и искуството на 24 годишната Ирена Јораданова која периодорт на летниот распуст сакала да го помине во Англија може и да не добиете виза

„Не добив виза, бидејќи сум четврта година на факултет и во образложението пишува дека имам сиромашно академско образование. Истото му се случи и на еден мој пријател, кој што, пак, беше аапсолвент и доби исто образложение – дека има сиромашно академско образование. Конкретно, за Англија јас веќе никогаш не би барала виза“.

Инаку на македонските грагани не им е потребна виза за околу 20 земји во светот. Условите пак кои треба да ги исполни државата за олеснување на визниот режим се потпишувањето на договорите за реадмисја, нови патни исправи и интегрирано гранично управување.
XS
SM
MD
LG