Достапни линкови

Ерусалим: Еден војник убиен, а шестмина ранети во напад на Фатах


Израелската армија соопшти дека еден војник е убиен, а 6 мина се ранети во денешниот напад на палестински милитант во Наблус – Западниот Брег. Военото крило на движењето Фатах соопшти дека стои зад нападот. Од друга страна, израелските авиони изутрината по втор пат за неколку дена ја бомбардираа зградата на палестинското министерство за надворешни работи која сега била целосно уништена, јавува асошиетед прес. Нападите врз Газа започнаа на 28 јуни откако милитанти поврзани со владееачкиот Хамас убија двајца и заробија еден изралски војник.
XS
SM
MD
LG