Достапни линкови

Бејрут: Продолжува израелско-либанската криза


Во ракетни напади врз израелскиот град Хаифа, што ги извршија милитантите на Хезболах, загинале најмалку осум израелци, а неколкумина се повредени, додека израелската авијација бомбардираше цели во околината на Бејрут. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт најави ,,далекусежни последици,, поради нападот врз градот Хаифа, додека милитантите на Хезболах, кои ја презедоа одговорноста, најавија нови напади. Во вчерашната израелска акција во Либан, загинаа 35 либански цивили, вклучувајќи и 15 деца, јавуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG