Достапни линкови

Њујорк: Советот за безбедност на ОН усвои резолуција против Северна Кореа


Северна Кореа ја отфрли резолуцијата на ОН, оценувајќи ја како ,,продукт на американското непријателство кон Пјонгјанг,,. 15-те членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно изгласаа резолуција во која се предвидува воведување на санкции кон Северна Кореа, во доменот на вооружувањето, откако земјата изврши тестирања на проектили. Во резолуцијата се бара од сите членки на Советот за безбедност да го блокираат увозот и извозот на ракетна технологија кон Северна Кореа, а Пјонгјанг се повикува да ги запре сите активности поврзани со ракетната програма. Резолуцијата не го вклучува седмото поглавје од повелбата на ОН, со кое се одобруваат широки санкции, па и употреба на сила доколку Северна Кореа ја прекрши резолуцијта, за да се избегне кинеското вето во Советот за безбедност. Северна Кореа ја отфрли резолуцијата на ОН.
XS
SM
MD
LG