Достапни линкови

Санкт Петерсбург: Групата Осум заседава за енергетската безбедност и ситуацијата на Блискиот Исток


Лидерите на земјите членки на Групата Осум, на самитот во Санкт Петерсбург усвоија изјава за,, Глобалната енергетска безбедност,, во која се содржани различните гледишта околу нуклеарната енергија и климатските промени, на осумте најразвиени земји. Некои од членките на Групата Осум, според изјавата, веруваат дека нуклеарната енергија ќе придонесе за глобалната енергетска безбедност и ќе го намали штетно загадување на воздухот. Во неа исто така е вметната и реченицата, предложена од Германија, во која се вели дека Групата Осум ќе биде посветена на ,,понатамошно смалување на ризикот поврзано со безбедно користење на нуклеарната енергија,,. Лидерите зборуваа и за израелско либанската криза и повикаа на прекин на огнот во Либан, а американскиот претседател Џорџ Буш пак, истакна дека Израел има право да се брани и не го подржа либанскиот повик за прекин на огнот.
XS
SM
MD
LG