Достапни линкови

Кабул: Над десет лица загинаа во повеќе напади во Авганистан


Бомбаш самоубиец убил четворица цивили, а 23 се повредени, детонирајќи бомба на една прометна улица во јужниот дел на Авганистан. Претходно при експлозија на бомба поставена на пат во провинцијата Херат, загинаа шест авганистански војници, а тројца се повредени. Во провинцијата Кост, милитант, кој бил облечен во женска облека, убил двајца авганистанци, а повредил уште еден. Денешните напади доаѓаат откако во вчерашната офанзива против талибанските бунтовници во јужниот дел на Авганистан, американските сили убија 40 бунтовници.
XS
SM
MD
LG