Достапни линкови

logo-print

Причината е пропорционалниот систем


На последните избори, малите партии освоија 10 насто од гласовите, а во парламентот влегоа само двајца нивни кандидати. Според професорот од правниот факултет Саво Климовски, проблемот зошто овие партии не успеаја е во пропорционалниот систем:

„Којшто го преферира пропорционалниот модел со многу висока стапка на учество од 5 проценти и особено изборниот модел којшто таквиот пропорционален модел го сместува во шест изборни единици. Тоа претставува, практично кажано, како во вселената црната дупка којашто ги впива во поголемите партии гласовите дадени на помалите политички партии. Јас мислам дека тука лежи основната причина зошто двете големи политички партии кај македонскиот народ и кај албанската заедница, си го изгласаа тој модел. Прво, да се саморепродуцираат раководствата во собранието, и второ, да ја претстават Македонија во суштина како двопартиска политичка сцена“

Во меѓувреме, двајца лидери на мали партии поднесоа оставка поради изборните резултати. Васил Тупурковски од ДА и Горан Рафајловски од ДРУМ:

„Јас како претседател на партијата се обидов на еден нов начин, со еден нов пристап на овие избори. Водевме исклучително позитивна кампања и пораките што ги упатувавме беа пораки за развој на демократијата и инволвирањето на граѓаните како активни чинители во политиката. И сметавме дека можеме нешто да промениме, односно да ги заинтересираме и да привлечеме нивно внимание. Очигледно дека тоа не успеавме да го направиме“
XS
SM
MD
LG