Достапни линкови

Претседателот на Косово прв претставник на косовските институции кој ќе се обрати во ОН


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ќе биде првиот претставник на косовските институции кој на тринаесетти овој месец ќе му се обрати на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој ќе зборува за ситуацијата на Косово и посебно за процесот на преговори за неговата независност.

Обраќањето на претседателот на Косово Фатмир Сејдиу на одвоена седница на Совет за безбедност во Приштина се оценува како настан од исклучително важност:

„Значајно е тоа што претседателот на Косово во Советот ќе говори за состојбата на косово, но повеќе и за статусот и независноста и суверенитетот на Косово,“

вели за Радио Слободна Европа, Мухамед Хамит висок политички советник на косовскиот претседател кој додава дека со тоа членките на Советот за безбедност ќе имаат можност од прва рака да се информираат за она што се случува на Косово. На ист став е и политичкиот аналитичар Енвер Хоџај кој оценува дека е сосема е во ред инсистирањето пред Советот за безбедност да говори не само премиерот на Србија, туку и премиерот на Косово:

„Дефинитвно присуството на претседателот на Косово на форумот каков што е Советот за безбедност покажува дека утврдувањето на конечниот статус на Косово ќе биде нејзино признавање како идна држава. Учеството на претседателот потврдува дека на крајот иднината на оваа земја ќе биде во рацете на нејзините граѓани и легитимни претставници.“

Советник Хамити вели дека претседателот на Косово се уште не добил официјална покана за состанокот на врвот со претставници на Србија што е најавен за дваесет и четврти овој месец. Сепак, тој додава дека ставот на Косово за ваквите состаноци е јасен:

„Постои преговарачки процес со кој раководи Ахтисари. Косово учествува во него. Состаноците со српските претставници можат да се одржуваат само на меѓународни собири и на мултилатерално ниво.“

Вели Хамити. Инаку, предвидено е Советот за безбедност да одржи една редовна и две консултативни седници. На редовната која ќе биде затворена за досегашниот тек на преговорите ќе зборува Ахтисари, додека претседателот на Косово Сејдиу и премиерот на Србија Коштуница тоа ќе го сторат на одвоени консултативни седници.
XS
SM
MD
LG