Достапни линкови

logo-print

Само со квалитетно знаeње вратите на Европа, ќе бидат отворени за Македонија, порачуваат тие


Дваесеттина млади од земјава наесен ќе заминат да го продолжат своето образование на европските универзитетски центри. Тие добија стипендии за постдипломски студии од македонската влада и Кралството Холандија. Велат сакаме да помогне во процесот на македонското евроинтегрирање, а знаењето да го стекнеме на познати Универзитети со традиција:

„Очекувам еден процес на образование кои ќе го спорведуваат врвни професионалци, луѓе кои имаат не само теоретско, туку и практично искуство. Многу е подобро човек да учи на место каде што се случуваат работите.“

Изјави Иван Талески кој заминува на Универзитетот во Амстерсдам за европско право, а неговата специјалност ке биде бизнис правото вели Македонија има најмногу проблеми во економијата, низок економски раст, многу невработени. И Ирина Тричковска образованието ќе го продолжи на истиот универзитет. Лошата економска состојба и кај неа е поттик да се специјализира во тој дел од европското право:

„И во областа на конкурентноста и во областа на внатрешниот пазар има голем дел во кој македонската економија може да стане конкурента и да може да се натреварува со економиите на европските држави кога ќе станеме европска членка. Треба да работиме и на подобрување на деловната бизнис клима, да работиме на регулативите... Еве сега нели го воведовме едношалтерскиот систем, тоа е се подобрување на таа конкурентност која што понатаму би отворила нови работни места.“

Фримзим Даути заминува да студира европско право во Виена. Со инвестирање во младите, Македонија побрзо ќе се приближи до Унијата, вели тој и додава:

„Би предложил да се инвестира повеќе во младите студенти, во нивните постдипломски, да научат повеќе за европските институции, за меѓународното право, за да бидат подготвени за предизвиците што ги очекуваат во Европските интеграции. Јас верувам дека само со знаење вратите на Европа ќе бидат отворени за Македонија.“
XS
SM
MD
LG