Достапни линкови

Комеморација и погреб на 500 новоидентификувани тела од масакарот во Сребреница


Во меморијалниот центар Поточари денеска ќе бидат погребани петстотини тела на новоидентификувани жртви од масакрот. На церемонија се очекува да присуствува и главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте.

Досега на тоа место се погребани скоро две илјади идентификувани жители на Сребреница убиени во јули илјада деветстотини деведесет и петата година. Според обвинението на Хашкиот трибунал, силита на босанските срби, под команда на генерал Ратко Младиќ, од шестти до единаесетти јули убиле повеќе од седум илјади бошњаци, додека околу триесет илјади жени и деца биле депортирани. Преживеаните, кои од енклавата успеале преку планината Црн Врв да дојдат до терторијата која била под контрола на босанската армија, сведочат за како што го нарекуваат денес: Патот на слободата. Меѓу нив е и Веиз Шабиќ:

„Имам малку трема која е присутна. Чувството е малку тешко знаете. Во секој случај сакам што ова се случува за да не се заборави и луѓето да го видат патот низ кој поминавме.“

За време на нападот врз Сребреница, таму беше стациониран холандски баталјон на Обединетите Нации кој, според извештаите, сноси одговорност за злосторството што се случи во градот. По овој извештај во две илјади и втората година, тогашната холандска влада поднесе оставка, но остана голема дамак во совеста на целата меѓународна заедница.

„Денешната меѓународна заедница, пред се мислам на Обединетите Нации, на комплетниот апарат на Обединетите Нации, не е во состојба да спречува геноцид. Тоа не беа во состојба да го сторат ни кон крајот на дваесетиот век, а не се во состојба да го сторат и сега. Токму во овој момент додека ние тука разговараме, во Африка, за жал се врши геноцид, еден од најтешките видови злосторство.“

Вели директорот за истражување на злосторствата против човештвото Смаил Чекиќ. За Сребреница досега од дваесетината обвинети се осудени шестмина. По двајцата главно обвинети од Хашкиот трибунал за масакрот во Сребреница Радован Караџиќ и Ратко Младиќ се уште се трага.
XS
SM
MD
LG