Достапни линкови

Промена во раководењето на централно на локално ниво


Новата влада освен спроведување на веќе донесените реформски закони ќе има обврска и заокружување на правната рамка за функционирање на полицијата. Тоа е и порака од претсатвниците на меѓународната заедница во земјава

„Законот за реформа на полицијата е една од првите работи со кои што новата влада ќе треба да се справи. Ние очекуваме активности во врска со тоа многу брзо“

изјави Ерван Фуер амабасдор на Европската унија во земјава. Власта досега не успеа да го усвои овој закон, поради незадоволсвото од албанските политички партии од предложените решенија. Дел од стручната јавност смета дека не се работи за проблеми со етнички предзнак, туку за проблеми во организационата поставеност на полицијата.

Проблеми што се посочуваа во дебатата за законот се бројот на секторите за внатрешни работи, во законот се предвидени 8 наместо досегашните 12, ДУИ бара 9 или воспоставување на сектор и во Кичево, како и потребниот работен стаж за назначување на началник законот предвидува 10 години, а се бара негово намалување. Стручната јавност оценува

„Можеби не е неопходно 12 години за некој да раководи со полициска станица. Сепак, тоа е голем период. Доволни се 4-6 години за да може некој од професионалците да го преземе раководењето на полициските станици. Се на се, законот треба уште еднаш да се прочита“

вели Павле Трајанов поранешен министер за внатрешни работи. Критики за предложениот текст на законот има и во извештајот на високиот комесар за национални малцинства каде се посочува дека не се прецизирани овласувањата на полицијата, како апсење, потоа дека не се прави разлика мегу претсрес и преглед на граганин што би требало да биде само рутинска контрола, а претресот е процесно дејствие треба да постојат основни сомненија и слично. Овие овластувања често се злоупотребуваат, а мегународната заедница апелира дека се потребни реформи со цел полицијата да стане сервис на граганите. Децентрализацијата на полицијата е клучна смета Звонимир Јанкуловски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања кој додава

„Законот за полицијата, нормално, треба да ги издржи критиките на меѓународната заедница, а главно се однесуваат на промената од централното раководење со полицијата на локално ниво, односно командирите на полициските станици да бидат одговорни пред локалните власти на одредените единици на локалната самоуправа. Не се работи за проблеми со етнички предзнак, туку за проблеми на организационата поставеност на полицијата во новиот систем на Република Македонија“
XS
SM
MD
LG