Достапни линкови

Во ЕУ граѓаните гледаат единствена надеж


Деведесттина проценти од македонските грагани неколку години наназад се изјаснуваат дека Македонија треба да стане членка на Европската унија. Во истражувањето спроведено од институот за демокртаија одговарајки на прашањето како би гласале на референдум за членство во Унијата во 2003 позитивно се изјасниле 89, 9 проценти, а во 2005 речиси 92 проценти од испитаниците гласале позитивно. На што се должи ваквото расположение мегу граганите. Стручната јавност вели граганите единствена надеж гледаат во европската перспектива,

„Има фактори коишто ги тераат луѓето оттука да мислат и да бараат нешто подобро. Второ, што ги привлекува Европската унија со својата економска моќ, со својата политичка моќ, стабилноста, уживањето на човековите права и слободи. Значи, има фактори со коишто Европската унија како ориентација ги привлекува. Исто така и состојбите во Македонија и надвор од земјата ги тераат луѓето да најдат прибежиште или да избегаат од постојните состојби“

Изјави Ило Трајковски професор на Европските студии при Филозофскиот факултет во Скопје кој додава дека граганите треба и повеке да се информираат.
Има проблеми, но факт е дека сите земји кои се членки се стабилни држави

„Европската унија не треба да ја гледаме како решавање на сите наши проблеми. Меѓутоа, Европската унија треба да ја гледаме како искуство низ кое минале многу држави и ниту една денеска не е во полоша ситуација отколку што била претходно. Се разбира дека со тоа не исчезнуваат проблемите – старите, најстарите членки на Европската унија денеска имаат проблеми, погледнете ја Франција“

Вели Радмила Шекеринска

За разлика од кај нас во земјите во регионот како на пример Хрватска речиси 49 отсто од анкерираните се изјасниле против членството во Европаската унија. Со приближувањето кон Унијата нормално е да се зголемува бројот на грагани кои се противат на членството вели Илјаз Сабриу поранешен амбасадор во Словенија земја која е веке две години е членка на Унијата. Тој говори за искуството оттаму и укажува зошто се појавува незадоволството кај граганите

„По моја оценка, кога денеска таму би имало некаков референдум, мислам дека тешко би поминало тоа Словенија да биде членка на Европската унија. Кај цените доаѓа до некакво порамнување со државите и со пазарите коишто се доста поразвиени од нас и имајќи предвид дека платите не ќе можат веднаш да се изедначат со државите на Западна Европа, веројатно ќе има проблеми околу поднесувањето на тие сметки“
XS
SM
MD
LG