Достапни линкови

Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во Македонија. Македонија покажува нов степен на политичка зрелост


5 јули парламентарни избори клучен тест за иднината на Македонија и нејзината европска перспектива тоа го порачувавте подолго време Го положи ли Македонија тестот на зрелост?

Секако дека она што можеме да го кажеме во оваа фаза е дека атмосферата во која беа спроведени изборите беше навистина особено смирена и секако додаде едно добро позитивно чувство, значи тоа произлезе од овие избори. Од тој аспект тоа е многу важно за Македонија и покажува нов степен на политичка зрелост. Исто така се покажаа дека заканите што се случуваа на почетокот на кампањата беа одбиени, сите оние инциденти, насилство што го имаше во првите денови на кампањата можеше негативно да влијае и на денот на гласањето можеше да придонесе некои да не гласаат. Тоа не се случи. Но, благодарејки на мирната атмосфера во последните денови од кампањата се помина во генерално добра атмосфера. Имаше се разбира нерегуларности. Тие треба да бидат комплетно истражени и да се примени правото, да се покаже дека во Македонија владее начелото примена на правото.
Да се спроведат сите истражни мерки, судски постапки ако се покаже дека се потребни

Веке ги споменавте инцидентите, ги имаше и на 5 јули. Како тие ке влијааат на македонската европска перспектива?

Се разбира не можеме да ги игнорираме овие нерегуларности и како што реков треба целосно да се идентификуваат и целосно да се истражат. Но, дефинитивно она што го видовме на денот на гласњето е нов чекор, нов развој во демократскиот процес на земјава и треба да се поздрави. Тоа треба да биде охрабрување за следните чекори што ке се превземаат во земјава. Се разбира тоа ке се одрази и на крајните општи оценки што земјата ке ги добие за развојот. Значи во предвид ке се земе се генерално позитивната атмосфера од денот на гласањето, но и инцидентите како и тоа како ке се справуваат надлежните со нив. Сето тоа е важно кога ке се оценува исполнувањето на критериумите, кога наесен кон крајот на октомври земјава треба да добие оценка, мислење од Европската комисија

Многу пати укажувавте потребно е целиот изборен процес да биде демократски за да има фер и демокртаски избори, а не акцентот да се става само денот на гласањето, а сепак бевме сведоци на инциденти кои се стари проблеми. Ја одалечуваат ли тие Македонија,што треба да се направи за да се надминат

Па се разбира тоа е еден од повекето критериуми што беа воспоставени не само за оваа земја туку за сите земји што сакаат да се приклучат во Европската унија. Па оттука кога било која земја ке исполни еден од нив тоа е дефинитивно позитивен развој и дава позитивен момент на реформскиот процес. Така она што се случуваше на 5 јули јас верувам дека ке биде ваков случај и ке биде дел од оценктана на Европската унија, но не е единствен критериум. Има уште многу други ние секогаш велевме дека сите тие ке бидат оценувани и на сите треба да се обрне внимание, а сето тоа ке придонесе крајната оценка да биде позитивна. Денот на гласањето значи е важен елемент за крајната оценка, за извештајот што го подготвува Европската комисија секоја година, но не е единствен. Потебно е да покажете дека во Македонија владее правото.

Поблиску ли е Македонија до Европската унија по овој како што велите позитивен момент за денот на гласањето

Секако придонесува нема дилема за тоа. Тоа дава позитивна атмосфера и што побрзо земјата ги спроведе останатите реформи побрзо ке може да започнат разговори

Кои се останатите обврски во наредните некоку месеци до извештајот

Законот за реформа на полицијата е една од првите работи со кои што новата влада ке треба да се справи Ние очекуваме активности во врска со тоа многу брзо, а оценката ке следи и во контекст на тоа како се спроведуваат веке усвоените реформи како оние во судството кои ја зајакнуваат неависноста на овој сегмент на власта, кој е многу важен за владеење на правото, потоа економските реформи се потребни како и резултати од нив ке бидат важен фактор за земјата.

Да претпоставиме дека владата ке ги спроведе сите овие обврски Може ли Македонија да очекува датум за преговори наесен

Премногу е рано за да се каже, знаете мора да видеме, не можеме да шпекулариме, секогаш посочуваме дека шпекулирањето со датуми не е добро, бидејки го одвлекува вниманието од она што треба да биде во фокусот, а тоа се реформите . Затоа колку побрзо се прават реформите, толку побрзо ке дојде денот кога ке се знае датумот за преговори и кога тие ке започнат. Па премногу е рано да шпекулираме со вакви работи. Она што ние сега го очекуваме е да се формира нова влада и таа целосно да ја насочи енергијата на агендата на реформи која е веке добро позната и која е неопходна за развојот на земјата и објективен услов за вклучување во Унијата

Кои се вашите проценки за следниот период, формирање на нова влада, за сето она што следи сега

Веке од она што го видов досега од срекавање со лугето и прашањата што ги поставуваат, и тие ме прашуваат што чувствувате и знаете постои големо чувство на истакнување дека овие избори поминаа без насилни инциденти што ги одбележаа претходните избори, ја одбележаа почетокот на кампањата, па сигурен сум дека оваа позитивана атмосфера ке ја помогне и ке ја охрабри владата силно да пристапи кон реформите без да губи време

Што мислите кога ке се формира владата, ке се искористуваат сите рокови како оние за конституирање на Собранието, доделување на мандат, формирање влада и потребно ли е тоа

Па има уставни одредби кои мора да се почитуваат. И ке биде оставено на новиот мандатар да одреди колку брзо може да воспостави коалиција, бидејки се разбира таа е неопходна И колку побрзо се случи тоа толку подобро за се, па дури и за одење на одмор

Оваа година е клучна за решавање на статусот на Косово. Што сметате во која насока се движи регионот

Па сеуште има многиу предизвици, но референдумот во Црна Гора помина многу добро, па изборите овдека и секако ние се надеваме и очекуваме таков развој и кога е во прашање статусот на косово. Придонесот на македонската влада досега беше голем што се однесува до регионот и регионалната соработка, македонската влада беше прва што го поздрави предлогот на Европската комисија за формирање на слободна економска зона, па ние очекуваме сличен придонес и од новата влада онаа која ке дојде, бидејки е многу важно за да се апсорбираат одлуките кои ке се донесат од мегународната заедница, а кои ке се однесуваат на статусот на Косово

Очекувате ли можеби некои проблеми во тој контекст бидејки српската страна вели дека е категорично против независноста

Ние мора да се надеваме дека каков и да биде резултатот што ке се прифати, значи она што ке биде постигнато да се прифати од сите и секоја заедница да се пронајде во тоа. Тоа е многу важно

Можни ли се некои негативни влијанија врз Македонија, знаете постојано се наогаат некои кои зборуваат за можна дестабилизација.

Сето ова се шпекулации бидејќи ако видите во минатото ке видеите дека оваа земја секогаш имала прагматичен придонес. Случувањата кога беа на Косово март 2004 не се прелеаа во земјава. Мислам дека ке има напори да се продолжи со тој прагаматичен придонес што го даваше Македонија и досега. Тоа е мое мислење.Да заклучам мислам дека тоа не е можно, дека сето тоа се само шпекулации.
XS
SM
MD
LG