Достапни линкови

Кабул: Двајца војници на коалиционите сили, загинале


Двајца војници од коалиционите и НАТО силите во Авганистан, загинале во два одвоени напади во земјата. Како што е соопштено еден војник од шпанскиот контингент на НАТО силите, загинал при експлозија на бомба поставена на пат во провиницијата Фарах, а четворица војници се повредени. Во друг одвоен напад загинал и еден канадски војник од колиционите трупи, откако се здобил со повреди при борбите со талибанските бунтовници во провиницијата Кандахар. Тела на десет милитанти убиени во воздушни напади, денеска се пронајдени во истата област.
XS
SM
MD
LG