Достапни линкови

Газа: Нов напад на израелската армија покрај предупредувањата на ОН дека регионот е пред катастрофа


Израелската војска денеска извршила нов воздушен напад врз Појасот Газа, и покрај предупредувањето од Обединетите Нации дека регионот се наоѓа на работ од хуманитарна катастрофа и оти цивилите ја плаќаат цената на израелската воена офанзива. Обединетите Нации побараа да се овозможи непречено доставување на помош за Појасот Газа. Во нападите во текот на вчерашниот ден најмалку седум палестинци се убиени, вклучувајќи и едно шест годишно девојче. Досега во акцијата на израелските сили загинаа повеќе од 40-тина палестинци, меѓу кои, освен милитанти и цивилни жртви. Израелската армија ја започна акцијата пред речиси две недели, за да го ослободи израелскиот киднапиран војник и за да ги спречи палестинските ракетни напади.
XS
SM
MD
LG