Достапни линкови

Иркутск: Авионска несреќа, најмалку 120 лица загинати


Најмалку 120 лица загинаа, откако руски патнички авион ,,Ербас,, во кој се наоѓале околу 200 патници, се урна во сибирскиот град Иркутск рано утринава. Како што изјавија руски претставници најмалку 50-тина лица се повредени и се пренесени во болница. Агенциите јавуваат дека повеќето од жртвите се деца, кои патувале на одмор. Официјалната причина за несреќата сеуште не се знае, но според првични сознанија до неа дошло откако авионот кој патувал од Москва за Иркутск, излетал од пистата и удрил во еден бетонски ѕид, по што избувнал пожар. Рускиот министер за сообраќај Игор Левитин пак, изјави дека причината за несреќата е најверојатно влажната аеродромска писта поради дождот. Претседателот на Русија Владимир Путин, наредил формирање на владина комисија која ќе ја истражува причината за несреќата.
XS
SM
MD
LG