Достапни линкови

Њујорк: Претседателот на Косово Сејдиу на седница на Советот за безбедност на ОН


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ќе учествува на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации на која специјалниот пратеник Марти Ахтисари ќе извести за досегашниот тек на преговорите за косовскиот статус. На седницата на Советот која е закажана за тринаесетти овој месец ќе учествува и српскиот премиер Воислав Коштуница. Во Приштина се прецизира дека и Сеидиу и Коштуница посебно ќе го информираат Советот за безбедност за нивните ставови околу финалниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG