Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израелските сили се повлекле од индустриската зона Ерез во појасот Газа


Израелските сили за безбедност денеска се повлекле од индустриската зона Ерез на северот од Појасот Газа, јавуваат агенциите. Израелската армија сепак соопшти дека тоа не значи оти ги прекинува операциите за потрага на палестински милитанти во тоа подрачје. Претходно во тенковски напад на израелците во Газа загинале двајца палестинци. Во неколкудневните израелски акции во Појасот Газа загинале најмалку триесетина лица.
XS
SM
MD
LG