Достапни линкови

Кој ќе го замени досегашниот администратор Сорен Јесен Петерсен?


Идниот шеф на УНМИК ќе биде шестиот по ред меѓународен администратор на Косово, а негов приоритет треба да биде завршување на мисијата на Обединетите Нации на Косово. Кои други задачи го очекуваат идниот косовски цивилен администратор, кој ќе го замени досегашниот, Сорен Јесен Петерсен?

Задачата на новиот шести по ред шеф на меѓународната администрација на Косово ќе биде надгледување на процесите за остварување на стандардите и завршување на мисијата на Обединетите Нации на Косово, велат политичките аналитичари. На ваков став е Лулезим Пеци од Институтот за истражување и политички развој:

,,Приоритет на идниот специјален пратеник на ОН на Косово ќе биде завршување на мисијата на ОН на Косово, со сите пропратни работи што одат со тоа“

Освен ова, според Пеци идниот косовски администратор ќе се фокусира и на остварувањето на стандардите на Косово.
Наспроти него, политичкиот аналитичар Батон Хаџиу, смета дека приоритети на новиот шеф на УНМИК ќе бидат транзицијата и економскиот развој, а не политичките прашања:

„Едно од суштинските прашања е процесот на транизација и економскиот развој, како и некои други прашања кои во овој момент не се баш нај јасни. Ова ќе бидат обврските за новиот шеф на УНМИК кој реално нема да ја има таа политичка тежина што ја имаа претходните цивилни администратори.“

Хаџиу верува дека мисијата на ОН ќе биде завршена во наредните девет месеци, а за тоа време во надлежност на идниот цивилен администратор ќе остане и спроведувањето на следните избори на Косово, последни надгледувани од меѓународниот администратор.

Слично како и Хаџиу и аналитичарот Лулезим Пеци, смета дека идниот косовски администратор нема да биде некој со висок политички и дипломатски профил поради тоа што мисијата на УНМИК и онака е во завршница:

„Бидејќи мисијата е при крај не верувам дека за ова место ќе бидат заинтересирани личности со висок меѓународен кредибилитет.“

вели Пеци. За тоа кој ќе биде идниот косовски администратор, медиумите во Косово повикувајќи се на извори во Контакт групата, деновиве пишуваат дека најсериозен кандидат за ова место е Јоаким Рикер, сегашен заменик на шефот на УНМИК за економски прашања. Според косовскиот ,,Коха диторе,, земјите членки на Контакт групата одбиле да дадат согласност цивилниот админситрато на Косово да биде некој што не го познава теренот, што не е случај со Рикер. Весникот исто така пишува дека еден од кандидатите кој исто така високо котираше, Питер Фејд се откажал од кандидатурата.
XS
SM
MD
LG