Достапни линкови

Денеска истекува рокот за жалби во врска со нерегуларностите на денот на изборите


Рокот за приговори и жалби во врска со нерегуларностите на денот на гласањето кој партиите треба да ги достават до државната изборна комисја истекува денеска на полнок. Досега пак до ДИК има пристигнато еден пригопвор во кој се наведува дека некој грагани биле спречувани да го остварат своето гласачко право

„До моментот до Државната изборна комисија е доставен само еден приговор од ДУИ што се однесува на избирачко место во Демир Хисар“

вели портпаролот Зоран Таневки

Вечерта по прогласувањето на резулатите и во текот на вчерашниот ден најреволтирано реагираа од ДПА кои твреда дека во повеќе места имало нерелугарности во гласањето. Од таму велат дека комплетираат неколку приговори кои ке го доатват до ДИК

„Во Тетовско, во шарпланинско комплет и во неколку села во Тетово, во градот, и комплет во Зајас, Осломеј и Кичево“

вели Џељаљ Бајрами од ДПА

Според заноконот Државната изборна комисја во рок од 48 часа терба да донесе решение во врска со приговорите на партиите и да им ги достави, а тие доколку имаат жалба на одлуката на комсијата во рок уште 48 часа треба да го достават до Врховниот суд. Одлуката на судот која според закомскиор рок треба да се донесе исто така за 48 часа е конечна и извршна.

Генералната оценка пак која вчера пристигна од страна на меѓународниот фактор е дека изборите биле подобри осд претходните и преставуваат чекорр во евриоитнегративниот процес на државата. Но сепак амбасадорите на Соедниетите Америксаките држави и Евроспката Унија Џилијан Миловановиќ и Ерван Фуере, како и еврофункционерите Солана и Рен предупредуваат и порачуваат дека нерегуларностите и инцидентите треба докрај да се расчистат а сторителите да се соочат со законот. Такво предупредување и од вчерашната птрес конференсција испрати Одри Глофер шеф на мисијата на ОДИХР во замјава

„Сериозните инциденти коишто ги забележавме, се постојан потсетник дека сторителите мора да сносат одговорност за стореното во согласност со постоечките закони“

Горан Павлоски од Министревтото за внатрешни работи пак вели дкеа сеуште е рано да се даваат конкретни информации за сторителите кои тие ги имаат откриено но додава дека во моментов работат на 4 случаи поврзани со инцидентите на денот на изборите.Од нив 3 се во тетовксо и еден во Штипско.
XS
SM
MD
LG