Достапни линкови

Северна Кореа сака да сврти внимание на себе


Северна Кореја го изненади светот кога неделава истрела серија од ракети со краток и интерконтинетален дострел. Иако целосно не е изненадена, како во 1988 година, меѓународната заедница се обидува да дојде до единствен одговор во Советот за Безбедност на Обединетите Нации. Дописникот на Слободна Европа во Вашингтон Хитер Маер го праша Дан Гоур поранешен советник за одбрана во американската администрација во периодот 1988 – 92 за тоа колку светот треба да биде загрижен што следно ќе се случи.

Зошто Северна Кореја токму сега и во толкав број ракети лансираше?

„Според мене има три причини зошто Северна Кореја сега реши да ги демонстрира своите ракетни способности.“

Прво, вели Дан Гоур поранешен советник за одбрана во американската администрација, затоа што не им се обрнува многу внимание во последно време, вели Гоур. Тие ги напуштија 6 партитните преговори и никој не вложи премногу напори да ги врати назад на маса. Второ, Соединетите Држави се фокусирани на други места, главно Ирак, Иран, глобалната војна против теророт, а Пјонгјанг го бара нашето внимание. И трето тие се постојано загрижени, со право или без право, дека ќе бидат нападнати, смета Дан Гоур наведувајки ги пишувањето на Вашингтон Пост во кое двајца поранашни преставници од одбраната зборуваат на таа тема. Тој не верува дека Северна Кореја ќе продолжи да истрелува ракети, бидејки ретко прави иста работа два пати, иако вели, тешко е да се биде сигурен. Јужно корејски извори сугерираат дека Северна Кореја се готви да лансира уште две ракети со долг дострел од типот Тајпедонг два. Од друга страна, Јапонија и Соединетите Држави повикаа на санкции против Северна Кореја. Кина и Русија се противат. Во Пекинг американскиот преставник Кристофер Хил пред патот за Сеул – Јужна Коерја разговараше со кинските власти за ова прашање.

„Речиси и не е важно што ќе се случи на краток рок. Ние наидуваме на пречки во меѓународната заедница. Има различни реакции од различни земји. Ние се соочуваме со пречки за тоа што би можело да се направи за да се задоволи Северна Кореја а тоа да биде вредно и за нас.“

Поранешен советник за одбрана во американската администрација Дан Гоур смета дека постојат и паралели со ситуациите во Северна Кореја и Иран. Според него, битно е да се спречат овие проблматични држави. Доколку тоа не се направи најверојатно ќе има една или повеќе војни во регионот.
XS
SM
MD
LG