Достапни линкови

Брисел: Добар старт на разговорите околу иранската нуклеарна програма


Евро комесарот Хавиер Солан и иранскиот главен преговарач Али Лариџани во Брисел вчера имале добар старт на разговорите околу иранската нуклеарна програма, е соопштено од кабинетот на Солана. Тие ќе се состанат идната недела на 11 јули. Лариџани пред средбата изјави дека Иран е сериозен да ја разгледа меѓународната загриженост околу нуклеарните амбиции на Техеран. Тој, меѓутоа, не рече кога Иран ќе одговори на понудениот западен пакет кој треба да го убеди Техеран да се откаже од програмата за збогатување на ураниумот. Лариџани денеска ќе се состане со шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро во Мадрид.
XS
SM
MD
LG