Достапни линкови

Вашингтон: САД им честитаа на граѓаните на Македонија за успешните избори


Соединетите Држави им честитаа на граѓаните на Македонија на успешно спроведените парламентарни избори. Во изјавата на портпаролот на Стејт Департментот Џон МекКормак се наведува дека за инцидентите треба да се превземат мерки согласно македонските закони. Вашингтон ќе продолжи да ја подржува Македонија на патот кон евро-атланските интеграции. И Европската Унија и Нато вчера од Брисел соопштија дека парламентарните избори во Брисел се одвивале на демократски начин и во голем дел ги исполниле меѓународните стандарди. Еврокомесарот Хавиер Солана ургираше земјата да ги забрза реформите со цел да ги постигне критериумите за пристапност во Унијата. Тој побара Македонија целосна истрага на сите инстанци против прекршителите на изборниот процес. Комесарот за проширување Оли Рен пак изјави дека изборите беа натамошен чекор во консолидацијата на демократијата и побара казни за сторителите на изборните насилства. Генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Схефер одавајки признание за напорите да се одржат мирни избори рече дека Алијансата е подготвена за соработка и со новите власти ги повика да ги продолжат реформите неопходни за напредок во евро атланскиот интегративен процес.
XS
SM
MD
LG