Достапни линкови

Груевски ќе прави првични контакти за коалиции


Добиените 44 места не му овозможуваат позиција на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот на, како што се надеваше нивниот претседател Никола Груевски, но во партијата велат дека неспорно ќе го добијат мандатот да ја формираат владата. Во тој правец, Извршниот комите го овластил Груевски во наредните 2-3 дена да ги оствари првичните контакти за можност за идно коалицирање, при што ниеден политички суб јект не е однапред исклучен освен СДСМ – вели Антонио Милошоски:

„Груевски беше овластен да ги оствари првичните контакти со сите политички партии, освен со СДСМ, така што ниеден политички субјект не е однапред исклучен иако предност ќе имаат оние кои ќе ја прифатат економската програма“.

Дилемите дали партнер во новата влада ќе бидат партиите на Тито Петковски, односно ДУИ која доби најмногу мандати во албанскиот блок, или пак ДПА како традиционален партнер, не се проблем на ВМРО-Народна, е став на Ѓорѓи Оровчанец:

„Па, тие што се победници нека си мислат за коалицирање. Нашиот став е дека нема што да коалицираме. Мојот уште поконкретно. Таа програма до 100 чекори не е можно да се реализира, тоа е програма на илузии. Народот си гласаше, народот нека си добие“.

Горан Мисовски од НСДП вели:
„Тие имаат најголем број на и се претпоставува дека тие ќе бидат оние кои ќе се обидат да ја формираат новата влада. Раководството на нашата партија сигурно ќе заземе став“.

Во албанскиот блок ДУИ и ДПА како традиционален партнер сметаат дека треба да бидат во владата. Џевад Адеми од ДУИ вели:

„Добиевме 18 пратенички места. Граѓаните докажаа дека ја подржуваат нашата политичка платформа и дека се заинтересирани за подобар живот. Значи, во Македонија се воспостави една практика – влада формираат победничките партии“.

Милошоски вели:

„Не е исклучена ниедна опција. Ние ќе претпочитаме да продолжиме со работа со ДПА иако во исто време не би можеле да спориме ничиј политички легитимитет. Со партиите од албанскиот политички блок уште поголем предуслов би била економската програма, затоа што сакаме да воведеме нов начин на политичка култура каде што економијата ќе биде приоритет за сите“

Во меѓувреме и меѓународните претставници порачаа дека владата треба што побрзо да се формира за да се продолжи со спроведувањето на реформската агенда и да се задоволат копенхагенските критериуми.
XS
SM
MD
LG