Достапни линкови

Простор за коалиции со сите што ја прифаќаат програмата на ВМРО-ДПМНЕ


Идниот мандатар Никола Груевски најави дека уште денеска ги почнува активностите за формирање нова влада. Од Вмро дпмне ни изјавија дека има простор за коалиции со сите што ја прифаќаат нивната програма и чекаат што ке кажат резулатите од албанскиот блок односно како ке мине нивниот традиционален партнер ДПА. Од ДУИ со порака дека влада формираат победниците. Процесот ќе биде тежок сметаат новите Социјал демократи па и оние другите помали идни пратеничпки групи или со други зборови гужва околу голот.

Во рок од 20 дена по денот на изборите, Здружената опозиција За подобра Македонија, треба да состави нова Влада. Се уште е рано да се соопштат имињата на евентуални постизборни коалиции, велат претставници на неколку политички партии. Според Марија Којзеклиска од ВМРО-НП, прво треба да се почекаат официјалните резултати од Државната изборна коалиција, а потоа да се размислува за коалиции.

„Државната изборна комисија се уште не ги дала официјалните резултати за да се види бројот на пратеници што го освоил и СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот блок, и ВМРО-НП, така што сметам дека се уште е рано за размислување во однос на коалиција“

И од Новата социјал демократска партија, предводена од Тито Петковски со став дека е премногу рано да се каже со која партија би коалицирале.
Од Социјал-демократскиот Сојуз велат дека составувањето на новата Влада ќе биде тежок процес, и иако не соопштуваат подетални информации, оставаат простор за евентуални постизборни коалицирања.

„Дали СДСМ ќе влезе во коалиција и нашата коалиција ќе влезе во коалиција со победничките партии, тоа е се уште рано да се дискутира и никој освен органите на партијата во една демократска процедура тоа не можат во моментот да го предложат или усвојат“.

изјави Илија Илоски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ, со став дека за секоја партија која ќе ја прифати нивната програма, ќе има место во победничката коалиција.

„ДПА е наш традиционален партнер, се уште не знаеме какви се резултатите од изборите во оние изборни единици каде што гласачкото тело е доминантно од албанската етниќка заедница“

изјави Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ

Од Демократската Унија за интеграција велат според досегашните искуства во земјата, Влада формираат победничките партии, не исклучувајќи ја моожноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија се воспостави една таква практика – влада формираат победничките партии, а на овие избори народот кажа кои се победници“.

изјави Џеват Адеми од Дуи

И од опозиционата Демократската партија на Албанците изјавија дека ќе бидат дел од Новата Влада

„Секако размислуваме и треба да бидеме членови во идната влада“.

изјави Илијаз Халими од ДПА.
XS
SM
MD
LG