Достапни линкови

Во водство ,,Коалицијата За подобра Македонија“


Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати за 36,19 отсто преброени гласови во сите шест изборни единици, каде што одѕивот изнесува, 56,42отсто.

Во првата изборна единица од преброени 35,66 отсто гласови, одѕивот е 54,65 проценти. Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 10.007 гласови, коалицијата За Македонија заедно предводена од СДСМ 6.438, ВМРО-НП 1.359, ДУИ 4.961, ДПА 3.356, НСДП 2324, ДОМ 1.197 гласови...

Во втората изборна единица од преброени 22,83 отсто гласови и одѕив од 51,59 отсто, коалицијата За подобра Македонија освоила 5.664 гласови, За Македонија заедно 4.306, ВМР-НП 1.245, ДУИ 6.893, ДПА 4.238, НСДП 1.661, ДОМ 472 гласови...

Во третата изборна единица од преброени 39,36 отсто гласови и одѕив 60,71 отсто, За подобра Македонија има 18.183, За Македонија заедно 11.252, ВМР-НП 2.943, ДУИ 779, ДПА 115, НСДП 2837, ДОМ 51 глас...

Во четвртата изборна единица од преброени 43,73 отсто гласови и одѕив 66,38 проценти, За подобра Македонија освоила 27.133 гласови, За Македонија заедно 20.072, ВМРО-НП 3.928, НСДП 2.226, ДОМ 827...

Во петтата изборна единица од преброени 40,33 отсто гласови и одѕив од 55,03 проценти, За подобра Македонија има 15.119, За Македонија заедно 10.086, ВМРО-НП 3.919, ДУИ 5.300, ДПА 2.544, НСДП 1.986, ДОМ 395 гласови...

Во шестата изборна единица од преброени 28,97 отсто гласови и одѕив 45,03 проценти, За подобра Македонија освоила 1.564, За Макеоднија заедно 2.450, ВМРО-НП 547, ДУИ 15.374, ДПА 8.140, НСДП 545 гласови.
XS
SM
MD
LG