Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израел утринава изврши уште еден напад на палестинското МВР


Израел изутрината извршил уште еден воздушен напад врз седиштето на палестинското министерство за внатрешни работи во Газа, при што најмалку 4 лица биле повредени. Претходно, израелскиот премиер Ехуд Олмерт го осуди ракетниот напад врз едно училиште во израелскиот град Ашкелон, што го извршија милитанти на Хамас. Олмерт денеска ќе има консултации со безбедносните служби околу натамошните акции во Газа, кои започнаа по киднапирањето на еден израелски војник на 25-ти јуни.
XS
SM
MD
LG