Достапни линкови

Њујорк: Итна седница на Советот за безбедност на ОН по барање на Јапонија


Советот за Безбедност на Обединетите Нации денеска, по барање на Јапонија, ќе одржи итна седница откако денеска Северна Кореја изврши тестирање на 7 ракети, меѓу кои и една од долг дострел. Ваквиот потег на Пјонг Јанг предизвика остри меѓународни реакции со оценка дека станува збор за сериозна провокација. Јапонија и Јужна Кореја веќе најавија санкции против Северна Кореја, а Русија, Соединетите Држави и други земји го осудија лансирањето на ракетите, соопштувајки дека со таквиот чин се загрозува безбедноста во регионот.
XS
SM
MD
LG