Достапни линкови

Се додека Балканот ја следи логиката на поделби ќе заостанува во развојот


Се додека балканските земји ќе ја следат логиката на поделби тие се повеќе ќе заостануваат во развојот. Ова во интервју за Радио Слободна Европа, го оценува Вејн Мери, американски експерт за европски прашања. Според Мери, решението на статусот на Косово би можело да биде негова поделба.

Поранешниот американски дипломат во некогашниот Советски Сојуз и во Централна Европа Вејн Мери сега е еден од водечките експерти во Советот на американската надворешна политика со седиште во Вашингтон. Запрашан за честите изјави на српските политичари дека Косово секогаш било и ќе остане дел од Србија и оти Белград нема да прифати никаков компромис вели:

,,Тие можат да тврдат, но тоа е целосно нереално. Непобитен е фактот дека иако србите многу говорат за Косово, мал број од нив во последниве сто години и сакале да живеат таму. За тоа се разговарало и на Париската конференција по првата Светска Војна. Големите сили сериозно размислувале, имајќи ја предвид структурата на населението дека Косово треба да и припадне на Албанија. Но, бидејќи Србија беше важен член на победничката коалиција Косово остана во нејзиниот состав.,,


Вели Вејн Мери, додавајќи дека врз решението на косовското прашање ќе влијаат три важни фактори кои се битни во скоро сите дипломатски активности во светот, односно, демографијата, економијата и војната:

,,Не мислам дека веќе е донесена одлука за тоа каков да биде конечниот исход на преговорите за статусот на Косово. Проблемот е во тоа што секој предлог од Србија за Косово доцни најмалку десет години. Доколку Белград сака да ја зачува контролата во регионот на Северна Митовица, подобро е да побрза со пореалистичен предлог и да признае дека поголемиот дел од Косово е загубен. Впрочем факт е дека Србија беше поразена во косовската војна.,,

Во врска со иднината на Западен Балкан, амариканскиот експерт Вејн Мери вели дека натамошното распарчување ќе доведе до вистинско економско пропаѓање на земјите во регионот.

,,За жал, последните настани во Босна, референдумот во Црна Гора, распарвите за статусот на Косово, реакциите во Белград, ситуацијата во македонија и во Прешевската долина потврдуваат дека земјите од Западен Балкан ја продолжуваат досегашната политика на дезентиграција. За разлика од нив членките на Европската Унија учествуваат во историскиот процес на консолидација и интеграција. Се додека балканските земји ја следат логиката на фрегментација се дототогаш тие ќе заостануваат во нивниот развој. Статистиките покажуваат дека овие држави според многу параметруи му припаѓаат на неразвиениот трет свет.,,

Тоа, според Вејн Мери, е тажно со оглед на фактот што, како што вели тој во разговорот за Радио Слободна Европа, пред три децении поранешна Југославија беше единствената земја во југоисточна Европа која имаша шанса да стане дел од развиениот свет.
XS
SM
MD
LG