Достапни линкови

Јеспер Томсон, политички советник на амбасадорот на ЕУ во Македонија. Очекуваме фер и демократски избори


Што очекува Европската унија од утрешниот изборен ден, сметате ли дека се ке помине во најдобар ред?

Ние секако се надеваме и исто така очекуваме,фер и демократски избори се неопходни. Мислиме дека земјава е свесна за обврските што ги има превземено.

Сметате дека Македонија е подготвена да спроведе фер и демократски избори избори, поточно дека денот на гласање ке помине мирно, без инциденти

Ние секако мислиме дека е така. Не мислам дека земјите членки на Европската унија ке дадеа земјата да добие кандидтски статус минатата година во декември. Ако не мислевме дека државата има капацитет да спроведе фер и демократски избори, тогаш немаше да го имате тој статус и сите работи кои следат со тоа како користење на сите европски фондови и слично. Колку ке искористите зависи од вас

Во текот на изборната кампања со исклучок на последните денови имаше инцинеднти. Што ако тие се повторат и за денот на гласањето?

Се надеваме дека тоа нема да се случи. Не може целата земја да биде заложник на неколку поединци кои се разбира може да прават инциденти на денот на гласањето. Ситуацијата ке се оценува така што во предвид ке се земе целата сликата во земјата, како во кампањата така и на денот на гласањето. Јасно е дека фер и демократски избори се дел од критериумите во Копенхаген, а тие пак се основа за членство во Унијата.

Ке имаат ли влијание на македонската европска перспектива оние ициденти што се случуваа во изборната кампања. Од Македонија се бара и воопшто потребно е да биде фер и демокртсаки целиот изборен процес не само денот на галасњето

Изборната кампања секако започна на лош начин. Сепак изборите ке се оценуваат во целина, а мислам дека во последнава недела се покажа дека може и без инциденти, останува да се надеваме и на таков изборен ден

Во случај на фер и демокртаски изборен ден без инциденти може ли Македонија тогаш да очекува позитивен извештај, а можеби и датум за почнување на преговорите

Во принцип извештајот е за многу други избори отколку изборите, а тие се оценуваат како суштински дел бидејки тие се првиот чекор, по кој следат другите. Извештајот ке се осврне и на состојбите во други области потребни за земјите кои се стремат кон членство во Унијата.
Изборите се основа на демократијата затоа се толку важни, ако тоа не функционира тогаш има проблеми со принципите на демократијата. Затоа толку нагласуваме дека тие се суштински, инаку повторувам, има и други работи кои се потребни за членство, но тие се прв чекор кој мора да се исполни. Така да мора да почекаме и да видиме што ке се случува и утре, а ке треба да се исполнат и другите превземени обврски, па потоа да зборуваме за извештајот од Европската унија што треба да биде претставен наесен.
XS
SM
MD
LG