Достапни линкови

Граѓаните ја оценуваат кампањата на политичките партии како непристојна


Непристојна и негативна беше изборната кампања која завршува за помалку од дванаесет часа. Вака повеќето граѓани го оценија предизборието во земјава. Меѓупартиски препукувања, лични навреди, инциденти и безмилосна борба за гласови. Овие се настаните кои граѓаните ќе ги паметат од кампањата на парламентарните избори 2006:

„Кампањата пред се беше нецивилизациска, немакедонска, неевропска. Тие ,,највисоките,, работат против народот.“

„Што се навредуваат е нешто најниско што може да се случи. Како од шума да се дојдени.“

„Претераа во секакви глупости, ова ни деца од прво одделение не го прават.“


Позитивна предизборна кампања немаше, велат граѓаните кои ги прашавме. За некој од нив, во кампањата имало и нешто што заслужува да се поздрави.
Општ впечаток е дека граѓаните се уморни од предизборната тензија. Повеќето соговорници одбегнаа да кажат што било на оваа тема.

„Гледам ништо од тоа да не слушам. Чекам што побрзо да заврши.“

Недостатокот на политичка култура, непристојниот речник на лидерите на политичките партии, меѓусебните навреди, лажните ветувања беа главните акценти на кампањата, посочуваат граѓаните:

„И ваква кампања да трае уште еден месец, никој нема да гласа. Ништо позитивно немаше. Јас во овие 15 години ваква кампања немам видено.“

„15 години она што се збори, никој ништо не прави, се е лажно.“

„Нека се обедини македонскиот народ, да се види што се работи, а не да се препукуваат едни со други.“


Без оглед на тоа каква оценка кампањата ќе добие од народот, граѓаните со кои разговаравме велат дека многу поважно е какви ќе бидат резултатите по изборите. Тие се надеваат оти сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и неправдите нема да бидат нивно секојдневие.
XS
SM
MD
LG