Достапни линкови

Спонзорите на првенството ,,рамо до рамо,, со фудбалските ѕвезди


Четири тима останаа на светското фудбалско првенство во Германија. Адидас, Кока Кола и Мек Доналдс не се меѓу нив, иако, ако некој помисли така, може да му се прости. Комерцијализмот и рекламите цутат на светскиот шампионат, а некои веруваат дека големите компании кои плаќаат околу една милијарда долари за спонзорирање на турнирот го одвлекуваат вниманието.

Кој е најголемата ѕвезда на светското фудбалско првенство? Зидан, Роналдо, Балак или Бадвајзер? Американското пиво Бадвајзер и останатите големи компании спонзори на светското првенство станаа големи ѕвзеди на ФИФА. А, навивачите, како на пример Кевин Мајлс од Англија не се премногу среќни поради тоа:

„Мислам дека многу од навивачите ја прифаќаат улогата на спонзорите во модерниот фудбал. Но, улогата што тие ја играат на светското првенство е претерана.“

Мајлс, кој е портпарол на асоцијацијата на навивачите во Англија, репрезентација што беше елиминирана во четврт финалето од Португалија, вели дека причината за незадоволството не е само тоа што спонзорите добиле 20 насто од влезниците за натпреварите и нивните логоа може да се видат на сите стадиони каде што се игра првенството. Спонзорската полиција е она што најмногу го иритира Мајлс:

„Иако некои работи се разбирливи, во некои се претерува. На пример, ние правиме ,,Фан магазин со информации пред секој натпревар. Имаме примери кога тој беше конфискуван на влезот на стадионот поради тоа што на него има лого на друг спонзор.“

Има и други примери. Спонзорската полиција на ФИФА принуди 1000 холандски навивачи да ги соблечат нивните портокалови панталони пред натпреварот со Брегот на Слоновата Коска затоа што на нив имало лого на пиво што не е спонзор на светското првенство. Многумина од навивачите морале да го следат натпреварот во долна облека. Ваквите приказни изгледаат смешни, но се вистинити. Впрочем, светското првемнство е голем бизнис. 15 светски корпорации платија по 50 милиони долари да бидат ексклузивни спонзори. А, зошто големите компании го прават тоа? Одговорот е едноставен. Ниту еден друг светски настан не овозможува глобално изложување на брендот и допир до милијарди гледачи во светот. Валтер Лис од агенцијата за спортски маркетинг СТАТ вели:

„Светското првенство допира до огромна, различна светска публика, собрана заедно само овој пат. И се случува секои четири години, па им дава на компаниите можност да таргетираат група луѓе и да ја пренесат нивната порака многу брзо.“

смета Лис.
XS
SM
MD
LG