Достапни линкови

Газа: Палестинските милитанти со ултиматум до Израел за ослободување на затворениците


Палестинската милитантна група која држи во заложништво еден израелски војник денеска упати ултиматум до Израел до утре да одговори на барањето за ослободување на палестинските затвореници или во спротивно ќе се соочи со последици. Ова се наведува во соопштението што го објави оруженото крило на Хамас и уште две фракции кои пред една недела го киднапираа војникот на границата со Газа. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека нема намера да попушти пред барањата на уценувачите за ослободување на затворениците.
XS
SM
MD
LG