Достапни линкови

Мексико Сити: Неизвесни резултатите од вчерашните претседателски избори во Мексико


По објавувањето на првичните резултати од вчерашните претседателски избори во Мексико и кандидатот на левицата Андрес Обрадор и кандидатот на десницата Фелипе Калдерон тврдат дека победиле. Избирачката комисија пак соопшти дека резултатот се уште бил неизвесен, односно дека засега е тешко да се процени кој од кандидатите води. Комисијата најави дека првите официјални резултати ќе бидат објавени в среда. Се уште актуелниот претседател Висенте Фокс побара од мексиканците да бидат трпеливи и да ги сочекаат официјалните резултати.
XS
SM
MD
LG