Достапни линкови

logo-print

Арбен Џафери, лидер на ДПА: За нас е поважно изборите да бидат фер и демократски, отколку да победиме


Што може да се очекува од идната Влада независно од тоа кој ќе ја предводи, кога кампањата веќе прати порака за моќта на оружјето по кое што се посегнува?

Па, ако сметате дека идната Влада ќе биде меѓу ВМРО и ДПА, тогаш треба да имате предвид дека досега најуспешните избори одржани во Македонија се тие во 2002 година кога ние успеавме да организираме фер и слободни избори, иако ја изгубивме власта. Значи адресата е на друга страна, бидејќи само тогаш кога таа страна организира избори имаме потешкотии, имаме девијантни појави кои се перманентни. Се знае дека од почеткот на демократските избори во Макеоднија имаме феномен на нерегуларни избори на сите нивоа, претседателски, локални, парламентарни.

Зошто кога зборувате за предизвикување инциденти вашата партија ја изместувате од овој контекст, кога сеуште е свеж случајот со Кондово?

Знам дека можеби е потребно преку Агим Красниќи кој е неправедно сатанизиран во медиумите да се сатанизира и нашата опција, која од почетокот е демократска. Ние не се легитимиравме преку вооружен судир, туку се легитимиравме преку една долгорочна демократска процедура која траеше со години и на крајот успеавме да освоиме еден дел од демократскиот простор во Македонија. Значи никој неможе да гарантира, дека ќе има или нема да има девијации, бидејќи никој не ги контролира сите граѓани во Македонија. Се знаат дека постојат разни сегменти во ова општество, кои имаат поинакви визии и барања за Македонија, тие се вклучени во голем број на политички партии и би било сосемо невозможно да се контролираат тие и да се преземе одговорност за сите девијантни дела кои тие ги чинат.

Кога во кампањата, наместо за економија, почнавме сите да ,,броиме куршуми,, што може да се очекува на денот на изборите на 5 јули и што вашата партија ќе преземе во случај на инциденти. Кои се механизмите со кои таа располага?

Ние сите работиме да изборите и предизборната кампања, биде мирна, сталожена и демократска. Ние градиме атмосфера изборите да бидат мирни, додека за сите кршења на законите се надлежни полициските и судските органи.

Вашата кампања, ја темелите главно на национална идеологија. Што ќе биде основно во вашите обврски под услов вашата партија да го освои мандатот од избирачите?

Во теоријата постои разлика помеѓу демократијата и либерализамот. демокртијата неможе да се гради нелиберално општество бидејќи тука се јавува феноменот на ригидноста и ксенофобија посебно во мултиетничките општества. Да се бара праведна употреба на албанскиот јазик и официјална употреба на тој јазик е должност која произлегува од Охридскиот договор. Ние засега имаме еден вид на потценувачка употреба на албанскиот јазик во Парламентот, додека во институциите на системот воопшто немаме употреба на албанскиот јазик. Второ околу адекватната застапеност, се употребува истата лага со лажирани статистички податоци кои несоодвествуваат со реалноста.

Со кого постизборно би коалицирале од македонскиот политички блок?

Јас велам дека околу Охридскиот договор треба да имаме согласност со сите политички субјекти, додека за други прашања сметам дека коалициите се природни кога се градат со партии од иста идеолошка матрица. Ние себе си сме се дефинирале како партија на десниот центар како што е и ВМРО и мислам дека со нив би било природно да се направи коалиција, поради нашата истоветна матрица.

Мислите на ВМРО-ДПМНЕ?

Јас несакам да ја делам ВМРО на една или друга варијанта, за мене се тие главно исти политички партии, туку се работи за други феномени во кои јас ненавлегувам. Но, велам дека која политичка опција ќе добие мандат на 5-ти јули со таа партија, доколку има понуда би почнале разговори.

Како ја коментирате онаа изјава од лидерот на ДУИ Али Ахмети во делот во кој што вие ја критикувате оваа партија дека неуспеала да ги оствари процесите од Охридскиот договор, велејќи дека тој се ,,симнал од планина,, и не би сакал повторно да оди, бидејќи тоа е една тешка работа?

Јас се согласувам со него дека треба да се отргне од планините и дека треба да прифати дека во демократијата постои категорија на губење. Ние сме навикнати со ваков резултат на демократијата во кој сме губеле, сме добивале, сега пак ќе добиеме.

Сепак за победникот треба да одлучат избирачите. Во таа смисла очекувате ли помала излезност на македонските албанци со оглед на тоа како течеше изборната кампања, исплашени од оружјето. Сакам да ве прашам, дали за вашата партија е побитна победата на ДПА или фер и демократски избори?

Албанците малку потешко се плашат, па јас не сметам дека ќе се уплашат и дека нема да излезат на изборите. За мене е многу побитно изборите да бидат демократски и фер, отколку ние да победиме. Ова сум го кажал неколку пати и повторно ќе повторам, за мене постои еден фетиш - тоа е демократијата и второ се човечките животи. Не сакам преку никакво арогантно газење на дигнитетот и животот на луѓето да се промовира една политичка опција.
XS
SM
MD
LG