Достапни линкови

Дубаи: Осама Бин Ладен преку аудио порака повика на продолжување на нападите во Ирак


Лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, преку аудио порака емитувана на интернет, ги повика милитантите во Ирак да продолжат со нападите и ги предупреди шиитите во земјата да не соработуваат со Соединетите држави против сунитите. Во аудио пораката, гласот кој е наводно на Бин Ладен исто така ја предупреди меѓународната заедница да не испраќа свои трупи во Сомалија, каде исламистите имаат се поголема моќ. Американските безбедносни служби ја анализираат содржината на новата порака за да утврдат дали е автентична, а еден претставник на Белата куќа изјави дека лидерот на Ал Каеда е човек со мрачна визија, кој нуди само хаос, војна и беда.
XS
SM
MD
LG