Достапни линкови

Газа: Израелската армија ги нападна канцелариите на палестинскиот премиер


Во воздушен напад на израелската армија, со неколку проектили биле погодени канцелариите на палестинскиот премиер Исмаил Ханија. За време на нападот премиерот Ханија не бил во канцелариите. По воздушните напади во зградата бил предизвикан пожар, но нема сериозно повредени. Палестинскиот премиер ја повика меѓународната заедница да интервенира, со цел да и се стави крај на израелската офанзива врз Појасот Газа. Во меѓувреме израелскиот министер за внатрешни работи Рони Бар Он изјави дека нападите врз Хамас ќе продолжат се додека не биде ослободен киднапираниот изралески војник. Во друг одвоен напад на израелската армија, како што пренесуваат агенциите, загинал еден милитант на Хамас.
XS
SM
MD
LG