Достапни линкови

Косово незаприливо се движи кон условна независност


Косово незапирливо се движи кон условна независност, тоа е реалност и веројатно пораката на Вашингтон и Лондон до српскиот премиер Воислав Коштуница, вели британскиот експерт Чарлс Грант, кој 15 години го следи Балканот најпрвин за економист,а сега и во Центарот за европски реформи.

Британскиот премиер Тони Блер ги предупреди Србите дека треба да прифатат сосема друга визија за Косово. Од друга страна српските политичари дека најдобро решение е она што го нарекуваат суштинска автономија.

„Мислам дека британската влада има многу јасна порака до Коштуница и другите а тоа е реалноста дека Косово ќе добие условна незавиоснот. Тоа е така иако во Србија ќе се толкува како неразмуно, некоректно, непријатно. Ако не се лажам господин Коштуница наскоро ќе оди за Вашингтон и истата порака ќе ја добие и таму.“

вели британскиот експерт за Балканот Чарлс Грант, кој смета дека Лондон ќе ја охрабри Србија да се фокусира на напредувањето кон Европската Унија. Грант препукувањата на релација Европска Унија Србија, односно на изјавата на Коштуница дека политиката на Брисел е контрапродуктивна ја оцени како погрешна. Тој вели дека мрачната атмосфера во Унијата во врска со проширувањето нема никаква врска со Србија, Турција или Македонија, туку се должи на внатрешните прилики поврзани со отфрлањето на Уставот и лошата состојба на европската економија. Европа има моментални потешкотии да го свари претходното проширување со десет членки потоа најавеното со уште две Романија и Бугарија и поради чувството на претрпаност не гледа прилчина да брза, вели британскиот аналитичар Чарлс Грант. Меѓутоа, како и да е, вели Грант за Србија е најдобро да се фокусира на Европската Унија. Дали е тоа трговија во смисла Косово за Европската Унија, Грант вели.

„Се согласувам со тоа. Мислам дека србите кога ќе видат како хрватите брзо се движат кон Унијата, тоа ќе влија врз Србија, и се надевам дека многу луѓе во Србија ќе гледаат напред а не назад.“
XS
SM
MD
LG