Достапни линкови

logo-print

И во наредниот период во Македонија не треба да се очекуваат спектакуларни резултати


И во наредниот период во Македонија не треба да се очекуваат спектакуларни резултати во економијата, велат македонските економисти. Главен проблем е неинвестирањето, пред се на домашните бизнисмени, а потоа и на странците. Главните причини за таквата состојба се политичката и социјална нестабилност во земјата. Сепак, странските експерти предвидуваат дека регионот на Западен Балкан во наредниот среднорочен период ќе биде атрактивно подрачје за инвестирање.

И во наредната година Македоноја не може да направи спектакулартни резултати, видливи на краток рок, дури ни преку трошењето на др=авните пари во јавни инвестиции. Проблемот кај нас не е само со неинвестирањето на јавните пари туку и во привлекувањето на инвеститорите вели професорото Љубомир Кекеновски

„Ние пред се имаме проблем со перцепција на домашните бизнисмени, да пронајде профит, интерес да вложи во Република Македонија. Проблемот е во нестабилноста на политичкиот и социјалниот амбиент, корупцијата.“

Дури и под претпоставка стапката на растото од сегашните 4 да порасне на 5 или 6, за една година не може да се очекуваат радикллани промени, оценува академик Таки Фити

„Побитно е во наредниот период од четири години да имаме стапка на раст од шест насто, што во иднина ќе овозможи разрешување на проблемот на невработеноста во иднина. Бидејќи таа би се намалила за седум осум, можеби и десет проценти.“

Оптимистики прогнози сепак ветуваат страскните експерти, кои проценуваат дека целиот регион на западниот балкан во наредниот среднорочен период ке биде атрактивно подрачје за инвестирање, вели професорот Кекеновски

„Едноставно Македонија не може да го избегне развојот, но тоа не може дас е случи со користење на домшани пари, фондови. Туку, тоа ќе се случи затоа што регионот се отвора.“

И академик Таки Фити се согласува дека подбрувањето на клучните елемни на бзинис климата сепак ке оди на среден рок, но и сега вели тој веке има извесни подобрувања..

„Особено со едношалтерскиот систем, промените со законот за стечај и реформите во судството. Има прилично значајни средства, пред се, приватизациони приходи.“
XS
SM
MD
LG