Достапни линкови

Аранжманот е потребен, повиците од партиите се политички маркетинг


Неодамна откако претседателот Бранко Црвенковски одби да го потпише законот за стечајците по предлог на владата со образложение дека ке биде загрозен аражманот со Мегународниот монетарен фонд во јавноста и мегу граганите се отвори прашањето за потребата од ваков договор. Во предизборието пак некои политичари им ветуваат на граганите дека доколку дојдат на власт ке го прекинат аранжманот

„Ви гарантирам раскин на договорот со ММФ и враќање на парите од надвор внатре,“

Изјавува на предизборните митинзи Велија Рамковски претседател на партиајта за економска обнова

Во програмите пак на двете најголеми коалиции За Македонја заедно предводена од СДСМ и Здружената опозиција на чие чело е ВМРО ДПМНЕ е предвидено продолжување на аражманот со ММФ. Трајко Славески од ВМРО ДПМНЕ вели дека доколу дојдат на власт ке бараат неколку измени во договорот:

„Ние предлагаме воведување на рамен данок од 10 насто во две фази. Натаму, буџетскиот дефицит договорен во аранжманот е 0,6 насто, а ние во програмата предвидуваме 1,5 насто. Исто така, планираме одредени даночни олеснувања за странските инвеститори.“

Илија Иљоски од СДСМ пак тврди дека тоа што фондот е пристуен е олеснителна околност кога владата преговара нешто во мегународни рамки

„На секој состанок со било кој странски инвеститор, првото прашање што ви го поставуваат е дали имате кредитен рејтинг, и второто прашање е дали имате аранжман со ММФ.“

И експертите со став дека и во иднина ке ни биде неопходен аранжманот. Според Абдулменаф Беџети повиците на помалите партии за прекинување на соработката се политички маркетинг, а ММФ е потребен заради мегународниот имиџ и како што вели за да врши контрола на неодговорното однесување на политичарите во однос на јавните фондови:

„Но, истовремено сметам дека тоа што е најголема слабост е полтроно прифаќање на сите препораки на ММФ кај нас, осврнувајќи се исклучиво на стабибизационата политика, а не на развојната политика. Тука не се криви ММФ, туку нашите политичари.“
XS
SM
MD
LG