Достапни линкови

logo-print

Лоша слика за Македонија


Вчерашната посета на европретставникот Ерван Фуере на Косово, како обид да осигура безбедна околина за претстојните избори, е лоша слика за земјава и не делува охрабрувачки, оценуваат експертите. Ако регуларноста на изборите во земјава зависи од косовски фактори, тогаш тоа е лоша порака, смета професор Билјана Ванковска.

„Ако е ова правна држава, ако има разузнавачки служби и институции на правна држава, било какви мешања од навор, без оглед од каде доаѓаат, и се со потенцијално насилан природа би ги спречиле и одамна би имале информации за нив. Се работи за слабост на македонската држава и слабоста на меѓународната заедница. Ако таа има разузнавачки информации за ваква можна симбиоза помеѓу елитите на Косово и во Македонија тогаш зошто чекале да дојде до инциденти на изборите?“

Неодамна и премиерот Владо Бучковски телефонски разговарал со неговиот косовски колега Агим Чеку и лидерот на косовската опозиција Хашим Тачи. Тој им ги пренел пораките на Меѓународната зедница дека предизборните инциденти помеѓу ДУИ и ДПА негативно ќе влијаат врз имиџот на Албанците, пред решавањето на конечниот статус на Косово.

Претставници на албанскиот политички блок во земјава велат дека посетата на Фуере на Косово е редовна активност и не е сигнал за евентуална дестабилизација на регионот по изборите. Незнам зошто се бара помош од косовските лидери, кога еднинствениот виновник за предизборната тензија е Демократската унија за интеграција, обвинува Илијаз Халими од опозиционата ДПА.

„Само треба по уши да го фатат Али Ахмети и тоа, ништо друго не треба.“

потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити со став дека влијанието на Косовските лидери врз албанското гласачко тело во Македонија не треба да се потценува.

„Нивното влијание е големо и нивните пораки секако дека овде се доста добро и примени.“

Од канцеларијата на Европската Унија во земјава изјавија дека официјалната причина за посетата на Фуере на Косово била завршувањето на мандатот на шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен. Својот престој Фуере го искористил и за средба со влијателни локални политичари. Во разговорите со нив, Фуере изразил загриженост во однос на спроведувањето на изборите во Македонија, во согласност со меѓународните стандарди.
XS
SM
MD
LG