Достапни линкови

logo-print

Газа: Продолжија воздушните напади на Израел


Израел продолжи со воздушните напади во Газа со цел да го ослободи киднапираниот израелски војник. Погодени се канцелариите на палестинското министерство за внатрешни работи контролирано од Хамас за кое израелската армија вели дека било користено за планирање напади врз Израел. Погодени се и два тренинг кампа на Хамас, како и објект на Фатах движењето на претседателот Махмуд Абас. Во меѓувреме, копнената офанзифа е сопрена за да им се даде време на посредничките напори на египетскиот претседател Хосни Мубарак кој се обидува да издејствува ослободување на израелскиот војник. Преставници на Обединетите Нации предупредија дека палестинците во Газа се на работ на хуманитарна криза, без гориво и електрична енергија.
XS
SM
MD
LG