Достапни линкови

Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР. Се надеваме на добар изборен ден


Генерално како ја оценувате изборната кампања?

Ние всушност не го оценуваме периодот на кампањата пред да помине целиот изборен период, бидејки сметаме дека не можеме да дадеме вистинска слика. Мора да знаете што се случувало во текот на целата кампањата пред да дадете оценка за тоа. Во оваа фаза не кажуваме ништо.

Мегутоа од официјалниот почеток на кампањата речиси секојдневно сме сведоци на инциденти посебно во албанскиот блок, со исклучок во последните два три дена?

Па имаше инциденти низ целата земја и ние сме загрижени за ова насилство, а исто така и за некои појави на заплашување и купување на гласови. Значи да, има инциденти низ целата земја

Најавивте дека ке побарате околу 250 краткорочни набљудувачи. Сметате ли дека овој број ке биде доволен за денот на гласањето?

Ние побаравме 250, а всушност сите кои ке набљудуваат,оние кои пристигнуваат и кои се веке тука се 386. Сметаме дека бројката е соодветна за да се покрие целата земја на денот на гласањето. Бројот опфака долгорочни, краткорочни набљудувачи, парламентарци, сите кои се во рамки на мисијата на ОДИХР при ОБСЕ.

Исто така истаккнавте дека нема да се најавува кога и кое избирачко место ке се го посетуваат набљудувачите или ке има момент на изненадување.

Ние оперираме со моментот на изненадување, бидејки ако најавиме каде ке одиме однапред се на тоа избирачко место ке биде совршено. И така не се добива соодветна слика за денот на гласањето, добивате нереална оценка. Многу е подобро кога одиме од едно на друго избирачко место без да најавиме.

Ке влиаје ли ова на регуларноста на денот на гласањето, имајки во предвид дека има пораки од претставниците на мегународната заедница за важноста на овие избори, а сепак има инциденти?

Никогаш не знаете што ке случи на денот на гласаењето, ние се надеваме дека се ке биде во најдобар ред. Нема причина зошто не би било така

Мисијата исто така ја набљудува работата на медиумите во изборниот период. Имате ли забележано дека некој медиум известува во корист на одредена политичка опција?

Оценувањето на медиумите е во тек и не е можно да се даде прецизна слика што се случува. И за тоа чекаме да помине се па да се осврнеме на се.

Што очекувате од овие избори?

Па се надевам дека ке биде добро на денот на гласањето, не гледам причина зошто не би било така

Очекувате фер и демократски збори

Како што реков се надевам дека ке се придржуваат до препораките на ОБСЕ. Мислам дека лугето знаат што треба да прават и да се надеваме дека ке го прават тоа што и се очекува од нив на денот на гласањето.
XS
SM
MD
LG