Достапни линкови

Македонските обиди некоординирани и без значајни резултати


Македонија прави обиди да ги покаже своите вредности и да ги привлече странските туристи, но тие обиди се скромни, некоординирани и без значајни резултати. Од рекламата на Си Ен Ен до најавите дека се размислува министерството за култура во иднина да прерасне во министерство за култура и туризам, се чита благ пораст на свеста, но не и голем напредок во поглед на ефектите, вели Весна Таневска од туристичкиот сојуз на Скопје:

„Но фали заедничката соработка, тоа значи, републичката, локалната власт, постојано одиме посебно.“

Таневска ги истакнува проблемите и пропустите во туристичката понуда И презентација пред туристите кои стасале во македонија.

„Кога странците ќе дојдат тука, се судираат со други проблеми, како да дојдат до спомениците? Имаме само една туристичка карта на Македонија, фалат музеите, езерата, бањите во Македонија.“

Ние сме многу назад во оваа работа бидејќи не си ги знаеме сопствените вредности кои што можат да предизвикаат голем интерес во светот, вели археологот Паско Кузман

„На пример, се прават разни водичи, коишто ми е срам да ги погледнам. Прават работи што се смешни и не ги потенцираат важните, туку многу неважни работи.“

Неговиот колега и директор во завод и музеј Охрид, Јордан Трца е задоволен од најновите обиди на општината како и новоформираната агенција за унапредување и развој на туризмот во Охрид да направат нешто повеќе на овој план.

„Имајќи предвид дека годинава има многу пропагандни материјали. Настојуваме да ги ажурираме публикациите.“
XS
SM
MD
LG