Достапни линкови

Гласање по сопствена одлука


ССМ го повика членството да гласа по сопствена одлука И тоа за оние кои тие сметаат дека ќе обезбедат остварување на правотот на работа, плата И социјална правда, целосно почитување на колективните договори, ќе го запрат процесот на социјално раслојување и осиромашување на работниците И граѓаните. ќе го запрат масовното отпуштање на работниците од работа И ќе обезбедат максимално санкционирање на носителите на корупцијата И криминалот. Овој пат нема амбиент да се поддржи одредена опција затоа што премногу се ветува а многу малку се исполнува, рече портпаролот на ССМ, Пеце Груевски објаснувајќи зошто синдикатот нема да постапи како во 2002 кога го повика членството да ја поддржИ асегашната власт:

„Во изминатиот период не се реализираа некои ветувања. Затоа годинава оценивме, дека најдобро за Советот е да каже што ќе бара од новата власт и да им каже на своите членови по сопствено убедување да гласа“

На прашањето зошто синдикатот не реагирал поенергично откако видел дека власта не ги исполнила очекувањата за економски напредок на државата, Груевски вели:

„Не би рекол дека не реагираше поенергично. Во изминатиот период во Македонија секој втор ден имаше штрајкови. Немаше само генерален штрајк, иако можеби имаше услови за тоа.“

Светлана Петровиќ, претседател на Конфедерацијата на независни синдикати вели дека ССМ од секогаш бил во функција на одредена политичка опција И во тој контекст реагира на неодамна доделените 2 милиони денари од страна на Владата за ССМ.

„Индикативно е што ги добија сега во предизборие. Секако создава сомнеж целата ситуација и односите меѓу ССМ и Владата.“

Груевски вели дека ова е груба манипулација со граѓаните, дека парите се добиени од буџетот на сосема легитимен начин и дека се недоволни за реализација на сите програми на ССМ.
XS
SM
MD
LG