Достапни линкови

Добри односи, стари спорови


Во посета на земјава е претседателот на Србија Борис Тадиќ кој за прв пат допатува во Македонија како претседател на независна Србија по отцепувањето на Црна Гора. Теми на разговори се економијата, односите мегу двете земји и состојбата во регионот.
Во делот на економијата Србија се посочува како еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Во 2004 размената мегу двете земји изнесувала околу 350 милиони евра, а во 2005 повеке од четиристотини милиони евра. По потпишување на спогодбата за слободна трговија македонските и српските фирми соработуваат на потполно либерализиран пазар. Со него се укинуваат трговските бариери, како царините и квотите, што придонесува за поефтини производи за потрошувачите, а ке биде зголемена и конкуренцијата. Се оценува дека Србија има предност кога се во прашање млечните производи, а Македонија е поконкурентна кога се говори за зеленчукот.

Во политичкиот дел се појавуваат прашања кои се оценуваат и како мешање во внатрешните работи. На пример тоа е случајот со Вранишковски кој е поглавар на православната охридска архиепископска црква која СПЦ ја признава за единствена канонска во Македонија, а МПЦ не ја признава. По неговото притворање минатата година Српската православна црква и дел од државните претставници бараа негово ослободување. Неодамна пак по покренувањето на кривачната пријава за финансиски проневери дел од српските власти бараа претседателот Бранко Црвенковски да го помилува, што пак не беше прифатено.

Тука е и прашањето со демаркација на северната граница во делот со Косово. Според мегународните претставници треба да се реши пред да се донесе одлуката за финалниот статус на Косово. Стручната јавност коментира дека државниот врв и покрај проблемот што постои , а тоа е дека од една стрната партнер на Скопје е Белград, а од друга дека Приштина нема мегународен легитимитет во оваа фаза за да биде страна на мегународен договор, треба да се побара израз на политичка волја од косовските власти за потврдување на границата, а дури по решавање на статусот да се бараат правни решенија.
XS
SM
MD
LG