Достапни линкови

Не е доцна да се поправи впечатокот


По официјалниот почеток на изборната кампања секојдневно има инциденти мегу претставниците на политичките партии. Амбасадорите на Европската унија, Ерван Фуере, Соединетите држави Џилијан Милованович, британскиот Роберт Четертон Диксон и ОБСЕ Карлос Паиш денеска од рашче каде што се случи последниот инцидент порачаа на 5 јули мора да има фер избори, а инцидентите мора да прекинат, не е доцна да се поправи сликата.

Значи за да се применат високите казни за сторителите на изборните инциденти, потребно е прво ефикасно постапување кај полицијата, потоа обвинителството и на крај кај судството. Дали сето ова произлегува од фактот што реформите во полицијата не се заокружени

„Јас никако нема да ги доведам во врска инцидентите што се случуваат во предизборната кампања, со реформата во полицијата, во смисла на обученоста на полицијата ефикасно да постпува со ваквите случаи.“

Изјави Слагана Тасева прв човек на Полициската академија. Благоја Марковски од Балканскиот безбедносен форум смета дека непронаогањето на сторителите на инцидентите се должи на немање на политичка волја

„Проблемот во Република Македонија воопшто е што политиката премногу се меша во стручноста на органите коишто си ја знаат работата. Мислам дека политиката се меша во работата на полицијата, јас не ја обвинувам полицијата, туку политиката.“

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека деновиве ке бидат покренат околу 25 пријави.
Доколку се најдат сторителите и се покренат казнени постапки судството е подготвено да постапува по овие предмети

„Судството како и до сега ќе постапат по пријавите според законот, но искрено кажано, демократски и фер избори не се спроведуваат со казнени закони, потребни се други работи за тоа така да се спроведе. Ако се јави потреба и од дополнителен ангажман ние сме подготвени.“

Вели Дане Илев претседател на Врховниот суд.
XS
SM
MD
LG