Достапни линкови

Најголемиот дел од политичарите не се подготвени за јавна сцена


Ние направивме многу и сме чудото за кое говорат другите порачува Бучковски, од митинзите, а пак Груевски од бините тврди дека нивната програма е оригинална и оти тие имаат капацитет за спроведување. Политичарите поголемиот дел од времето го користат за да ги напагаат своите политички опоненти, а кога и малку говорат за своите програми тогаш тоа го прават со голема доза на препотентност-вели аналитичарот Хисен Рамадани:

„Дури и тогаш кога се зборува за политичките цели за кои се залагаат политичките чинители, тоа се прави на еуфоричен и патетичен начин, којшто препотентно сака да ги нагласи своите вредности, а всушност со самиот речник ги обезвреднува и тие цели,“

објаснува Рамадани и додава дека реториката на политичарите полна со омраза еден кон друг создава негативни чувства мегу граѓаните:

„А, таа нервоза е индикација, односно почеток и за други негативни последици во изборниот процес.“

И Дане Талески од Правниот факултет се согласува дека политичарите поголем дел од својот говор го насочуваат кон обезвредување на опнентонт.Но спротивно од Рамадани тој смета дека најголем ефект со со ваквата реторика постигнуваат врз неопределени на кои и така им е здосадено од политика:

„Тоа само по себе не значи дека ќе им даде импулс на граѓаните да излезат и да фрлаат бомби. Можеби кај припадниците на партиите тоа делува да се кинат плакатите на опонентите, но од друга страна неопределените ги одбива од политиката.“

Генералната оценка пак за реториката на овие петти парламентарни избори е дека начите полтичари и по 15 години самостојност немаат политичака култура

„Имам впечаток, дека со многу малку исклучоци, најголемиот дел од политичарите не се подготвени за јавна сцена,“

вели Рамадани.
XS
SM
MD
LG