Достапни линкови

Ерусалим: Израелските сили се подготвуваат за офанзива ако не биде ослободен израелскиот војник


Израелските сили се распоредуваат на границата со Појасот Газа, подготвувајки се за офанзива против палестинските милитанти доколку не биде ослободен израелскиот војник. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го повика Израел да се обиде со дипломатски мерки да издејствува ослободување на војникот, кој беше заробен во неделата. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека и наредил на армијата да се подготви за напад врз милитантите во Газа и ги отфрли барањата за ослободување на дел од палестинските затвореници во Израел. Претставници на Хамас изјавија дека не се плашат од израелските закани и доколку дојде до напад тие се подготвени да одговорат.
XS
SM
MD
LG